Фото: БГНЕС

Бугарски новинари се вратени од граничниот премин кај Делчево, се пожалија од БГНЕС

Денес, граничната полиција на Македонија не му дозволила на тимот на Агенцијата БГНЕС да влезе во земјата, пишува бугарската агенција БГНЕС.

Дежурниот полицаец на граничниот премин кај Делчево како што објави агенцијата не му дозволил на тимот да влезе со образложение дека „немал дозвола од надлежното министерството во Скопје“. Истиот тим, како што наведува агенцијата, ја посетил земјата многу пати од почетокот на годината, без посебни акредитации.

По долгата „проверка“, гранични полицајци на граничниот премин Делчево му објасниле на тимот на БГНЕС дека „прво треба да поднесат барање до Министерството за надворешни работи на Бугарија, кое, по проценката, треба да се обрати до македонското, кое потоа треба одлучува“.

За целата ситуација реагираше и бугарскиот европатеник Андреј Ковачев на својата фејсбук-страница каде напиша дека соседите без разлика кој е на власт дали СДСМ и ВМРО ДПМНЕ спроведуваат репресивна политика против бугарските граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот