Сиромаштија. / Фото: Архива на Слободен печат

Бугарија ја одобри новата големина на линијата на сиромаштија

Советот на министри на Бугарфија ја одобри новата големина на линијата на сиромаштија, која сега е 764 лева, објави министерот за труд и социјална политика Борислав Гуцанов, информира Паритени.бг.

Со 126 лева повеќе од досегашната линија на сиромаштија – зголемувањето е 19,7%. Доста сериозен скок, коментираше министерот Гуцанов. Линијата на сиромаштија скокнува на 764 лева од 2026 година. Овие средства секогаш се недоволни. Целосно сум свесен дека ако можеа да бидат повеќе, ќе беше подобро, но ова е формулата. Ова е најреално. Му благодарам на премиерот и на колегите министри што се придржуваа кон оваа формула.

Од шест национални социјални партнери, петмина ја потврдија. Имаше само несовпаѓања со Конфедерацијата на бугарски синдикати. Станува збор за околу 18 лева, тие сакаа да биде повеќе, но треба да биде според друга методологија. Методологијата што моментално е усвоена е онаа одобрена во 2021 година од Советот на министри и е во согласност со европските барања, истакна министерот за труд и социјална политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!