Урсула фон дер Лајен/ EPA-EFE/EUROPEAN COMMISSSION/DATI BENDO/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Бугарија ги негира извештаите за напад врз авионот на Урсула фон дер Лајен

Бугарскиот премиер Росен Железков денес изјави дека нема истрага за инцидентот со попречувањето на сигналот на авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту пак извештаи за можен кибер или хибриден напад.

„Дел од методите за водење модерни војни вклучува таканареченото радио-електронско војување, што е пречки во радиофреквенцискиот спектар во воените зони. Овие пречки не се ниту хибридни ниту кибер закани“, изјави Железков денес во Бургас, пренесува порталот „Bnr.bg“.

Според него, пречките влијаат на ГПС сигналот од сателит речиси 20 километри над земјата и не се насочени во однос на еден или друг воздухопловен објект.

Како што вели тој, вакви работи се случуваат секој ден и нема ништо што контролата на воздушниот сообраќај во Бугарија не спроведува се според протоколот.

Бугарската влада вчера соопшти дека ГПС сигналот бил изгубен кога авионот на фон дер Лајен се приближил кон Пловдив во јужна Бугарија, принудувајќи ги контролорите на летање да се префрлат на системи за навигација на земја за да обезбедат безбедно слетување.

Инцидентот се случил додека фон дер Лајен била на четиридневна турнеја низ земјите-членки на ЕУ што граничат со Русија.

Во меѓувреме, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва не е вмешана во техничкиот дефект што се случил за време на слетувањето на авионот во кој се наоѓала претседателката на Европската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!