Загинатата девојка од Нови Сад, Србија / Фото: Социјални мрежи

Будва: Апсење поради трагичната смрт на 19-годишна девојка од Србија

Сопственикот на агенцијата за водни спортови во Будва, М.К., повторно е приведен откако во медиумите изнел детали од трагичниот случај во кој викендов загина 19-годишна девојка од Србија, јавија медиумите.

Иако тој првично беше уапсен како осомничен во истрагата за безбедносните пропусти кои довеле до инцидентот со , овој пат е приведен поради кршење на забраната за давање изјави додека истрагата е во тек.

М.К. во изјавите што беа пренесени од некои медиуми тврдеше дека летот со парасејлинг бил изведен според сите прописи и дека девојката, која претходно снимала бесплатно рекламно видео, не покажувала страв пред летот.

„Тоа е несреќа, чиј исход сега е познат на сите. За мое големо жалење, се случи огромна трагедија“, изјавил тој, додавајќи дека иако бил предупреден да не зборува, се решил да одговори откако во јавноста бил обвинет за наводни пропусти кои довеле до трагедијата.

Според Обвинителството, газдата на агенцијата со овие изјави потенцијално можел да влијае врз сведоците и текот на истрагата. По распитот, тој бил пуштен на слобода, но останува под надзор на истражните органи.

Несреќата се случи за време на обука и промотивен лет во Будва, а случајот ја потресе јавноста и отвори прашања за безбедноста при водни активности и рекреативни летови, во пресрет на летната туристичка сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!