Протести против Орбан во Будимпешта - Извор Х

Будимпешта застана на нозе против Орбан

Десетици илјади луѓе во неделата протестираа во Будимпешта, обвинувајќи го унгарскиот премиер Виктор Орбан дека троши пари од даночните обврзници за кампањи за да ги заведе гласачите и да поттикне омраза за политичка добивка.

Откако се врати на власт во 2010 година, националистичкиот лидер користеше обемни мултимедијални кампањи што ги чинеа даночните обврзници милиони евра.

Десетици илјади луѓе протестираа во неделата во Будимпешта против јавните консултации што премиерот на таа земја Виктор Орбан ги одржува, според демонстрантите, за партиски цели, користејќи јавни средства.

Унгарската влада планира да започне јавни консултации за оданочувањето во октомври, откако провладина веб-страница тврдеше дека опозицијата планира да ги зголеми даноците ако победи на парламентарните избори во април 2026 година.

Партијата TISA на конзервативниот опозициски лидер Петер Маѓар, која води во анкетите за јавното мислење, негираше дека има такви планови и го обвини Орбан за „ширење лаги“ пред изборите.

Орбан редовно организира консултации во форма на прашалници кои, според опозицијата, се формулирани многу сугестивно и имаат за цел да создадат впечаток за поголема поддршка отколку што тој и неговата партија Фидес всушност имаат.

Прашалниците се испраќаат по пошта, а тие се придружени со реклами што се емитуваат на телевизија и на интернет страници.

Според организаторите, околу 50.000 луѓе се собрале на Плоштадот на хероите во Будимпешта, додека властите сè уште не ги објавиле своите проценки, пишува Нова.рс.

Засега како што наведува медиумот опозицијата смета дека Орбан спроведува масовна консултативна кампања со цел да го одвлече вниманието од јавната дебата и да избегне решавање на важни општи политички прашања.

Инаку најновата кампања во јавноста, чија цел беше да се зајакне ветото на Орбан за отворање на пристапните преговори меѓу Европската Унија (ЕУ) и Украина, чинеше 27,7 милиони евра, според податоците од унгарскиот неделник HVG.

Орбан негира дека станува збор за пропаганда.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот