Владо Бучковски и Екатерина Захариева / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бучковски: Изборите во Бугарија се исклучително важни за Северна Македонија и преговорите со ЕУ

Бугарските парламентарни и претседателски избори в недела се исклучително важни за нашите амбиции, но и за амбициите на САД и Европската Унија за Софија да ја отстрани блокадата за започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, изјави специјалниот претставник за Бугарија Владо Бучковски за бугарската агенција БГНЕС.

Бучковски потенцира дека за нас се важни роковите за составување на владата во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија во средината на декември.

Без разлика дали Бугарија ќе го има старо новиот претседател Борисов или новиот претседател Атанас Герџиков, како што вели, до првата недела од декември се очекува Бугарија да има формирано кабинет, а САД и ЕУ не кријат дека ги чекаат изборните резултати, со цел да помогнат да се најде решение за спорот на Северна Македонија.

– Ставовите на Борисов и на Радев ни се добро познати. Обединетите партии „Продолжуваме со промената” се исклучително позитивни во обидот да се најде решение за да се отстрани блокадата, вели Владо Бучковски за БГНЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!