
Брзата пруга што ја турка Николоски ќе нè чини скоро 9 милиони евра по километар – вкупно 1,8 милијарди
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Клик плус“ на телевизијата „21“ рече дека километар од брзата пруга која тој ја заговара да се гради низ Македонија од српската до грчката граница, ќе чини околу 8,8 милиони евра.
Препорачано
Како што додаде тој, ова значи дека целиот проект ќе чини околу 1,8 или 1,9 милијарди евра.
„Првичната проценка е дека некаде 8,8 милиони евра по километар, финалното проектирање затоа што ќе одиме со заедничко проектирање и градба, тоа е тоа што сега модерниот свет го прави, да не работи еден проект, друг градба, туку тоа го спојуваме во едно“, рече Николоски.
Како што претходно се најавуваше, парите за изградбата на овој мегапроект власта ќе ги обезбеди од британски банки, преку гаранциите во вредност од шест милијарди евра што токму Николоски лани ги потпиша во Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5