Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Брук Шилдс на 10 години позирала гола за „Плејбој“, а на 11 глумела проститутка: „Не знам зошто мајка ми мислеше дека сè е во ред“

Брук Шилдс пред неколку дена наполни 60 години. Родена е на 31 мај 1965 година во Њујорк, а кариерата ја започнала многу рано.

Во нејзиниот документарец „Pretty Baby: Brooke Shields“, Брук Шилдс ги прикажа шокантните почетоци на кариерата и ги коментираше бизарните одлуки на нејзината мајка, со кои од оваа перспектива таа воопшто не се согласува.

Како девојче, дури и пред пубертетот, таа била сексуализирана од филмската и модната индустрија, а нејзината мајка сето тоа го одобрувала со насмевка.

Од снимањето на филмот „Pretty Baby“/Hollywood Archive / Profimedia

Коментирајќи го документарецот на социјалните мрежи, обожавателите на актерката наведуваат дека се згрозени од начинот на кој актерката била искористена како девојче и сето тоа го нарекуваат експлоатација и детска порнографија, за која тврдат дека денес би била незамислива.

Брук Шилс рече дека никогаш нема да им дозволи на нејзините деца да учествуваат во она на што таа била изложена како детска ѕвезда.

Актерката имала само 11 години кога глумела проститутка во филмот „Pretty Baby“ во 1978 година, во која била принудена да го бакне актерот Кит Карадин, кој во тоа време имал 27 години.

Сцена од  филмот „Pretty Baby“Everett / Profimedia

Мајката на Брук Шилдс, Тери Шилдс, стоела и ја гледала сцената додека Кит го уверувал малото девојче дека всушност сè е „измислица“.

„Не знам зошто мислеше дека сè е во ред. Не знам“, изјави Брук Шилдс за „Сандеј тајмс“ за својата мајка.

Во документарецот од 2023 година станува збор за споменатиот филм и се прикажува како Брук „станува жена која ја открива својата моќ откако била сексуализирана девојка“, се вели во описот. Исто така, има сцена каде што нејзината ќерка Роуан ја опишува раната кариера на нејзината мајка како „детска порнографија“.

„Тоа е детска порнографија! Дали би ни дозволиле да го правиме тоа кога сме имале 11 години?“, ја прашува Роуан својата мајка Брук, која низ солзи одговара: „Не“.

Hollywood Archive / Profimedia

-Тешко ми беше да не ја оправдам мајка ми, но кога ме прашаа, помислив: „О Боже, морам да го признаам ова. Но, не знам зошто мислеше дека сè е во ред“, вели Шилдс, која им кажува на своите ќерки Роуан и Грир дека никогаш нема да им дозволи да го гледаат „Pretty Baby“.

Брук Шилдс имала само 10 години кога позирала гола за Плејбој, додека на 14 години станала најмладиот модел на насловната страница на Вог.

Полемики се водеа и околу филмот „Сината лагуна“. Романтичната драма за преживувањето и раснењето на две деца на пуст остров остана запомнета по сексуалниот набој, а филмот предизвика и контроверзии поради наводната „детска порнографија“.

Малолетната Шилдс морала да сведочи пред претставничкиот дом на американскиот Конгрес дека во „проблематичните сцени“ ја заменувала возрасна двојничка и дека во сцените во кои е топлес косата и била залепена за голите гради.

COLUMBIA PICTURES / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот