
Бројот на жртви од силниот земјотрес во Авганистан се искачи на 900, повредени се 3.000 луѓе
Бројот на жртви од силниот земјотрес во источен Авганистан се искачи на 900, а 3.000 лица се повредени, соопштија денес локалните власти, додека спасувачките екипи го пребаруваат погоденото подрачје за преживеани.
Препорачано
„Повредените се транспортираат, па овие бројки можат значително да се променат“, изјави портпаролот на Националната дирекција за управување со катастрофи, Јусуф Хамад, според АП.
Тој додаде дека земјотресот предизвикал лизгање на земјиштето во некои области, блокирајќи ги патиштата, но дека повеќето се повторно отворени, а се работи на расчистување на другите за пристап до тешко достапните области.
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди планинскиот регион на Авганистан во недела навечер, а епицентарот на земјотресот бил недалеку од градот Џалалабад во близина на границата со Пакистан на длабочина од 10 километри.
Службениците изјавија дека куќите се срамнети со земја во областите во близина на границата на Авганистан со Пакистан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
6мин
-
13мин
-
15мин
-
26мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5