Жртви на израелските напади во Газа/Фото: Omar Ashtawy Apaimages / Zuma Press / Profimedia

Бројот на убиени цивили во Газа се зголеми на 68, десетици повредени во израелскиот напад

Бројот на убиени цивили во денешниот израелски напад врз Газа се зголеми на 68, а десетици лица се повредени, објави денес Ал Џезира.

Многу повредени цивили се во критична состојба.

Нападите беа насочени кон станбени области, вклучувајќи ги областите северозападно од градот Газа, населбите Ал-Дарај и Ал-Сабра, како и централниот дел од Појасот Газа, вклучувајќи го и бегалскиот камп во Деир ал-Балах.

Се вели дека нападите продолжиле и на други локации во централниот дел од Појасот Газа.

Според извештаите, неколку цивили се уште се под урнатините.
Израел не коментираше за последните напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот