
Бројките не лажат: Облак може да стане најдобриот голман во историјата на Ла Лига!
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, продолжува да испишува историја во шпанскиот фудбал и да го гради својот статус како еден од најдобрите сите времиња во Ла Лига.
Препорачано
Словенечкиот чувар на мрежата во ремито на Атлетико против Алавес на гости успеа по 173. пат да ја сочува својата мрежа недопрена во првенството, со што го надмина легендарниот Икер Касиљас, кој кариерата ја заврши со 172 „чисти мрежи“.
На вечната листа пред Облак се уште се наоѓаат само двајца голмани – рекордерот Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол и Пако Бујо со 212. Но, ако се земе предвид ефикасноста, односно процентот на натпревари без примени голови, Облак е недостижен.
Со неверојатни 48% во Ла Лига, Облак е убедливо прв на листата. Зад него се Виктор Валдес (44%), Бујо (39%), Зубизарета (37%) и Касиљас (34%).
Ако остане уште неколку сезони во Атлетико, многумина веруваат дека Облак би можел и формално да стане најдобриот голман во историјата на шпанската лига.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
44мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5