
Британски вице-премиер: Ќе ја признаеме палестинската државност, но решението за две држави е далеку
Британскиот вицепремиер Дејвид Лами денес изјави дека, иако Велика Британија попладнево објави дека ќе ја признае палестинската државност, решението за две држави е сè уште „значително далеку“.
Лами за Скај њуз изјави дека „признавањето е дел од мировниот процес“.
Препорачано
„Единствената перспектива за мир во регионот се две држави и затоа британската влада, заедно со другите, сакаше да ја одржи (идејата за) две држави“, рече Лами.
Тој ги повтори повиците на британската влада за ослободување на израелските заложници што ги држи палестинската милитантна група Хамас и изјави дека групата не може да има никаква улога во идното управување со Палестина.
На прашањето дали е логично Велика Британија да признае држава што сè уште не постои, Лами рече дека признавањето е „дел од мировниот процес“ и дека границите мора да се „засноваат“ на оние утврдени во 1967 година, со Ерусалим како заеднички град.
Лами, исто така, рече дека акциите како што е израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Катар ги прават „многу тешки перспективите за прекин на огнот во наредните недели“.
Тој додаде дека овие акции на Израел, заедно со плановите на Израел во окупираниот Западен Брег, се во спротивност со условите што се поставени за да се избегне признавањето на палестинската државност.