Работници во Германија / Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Британски автомобилски гигант го суспендира производството до 1 октомври

Британскиот производител на автомобили „Jaguar Land Rover“ (JLR) потврди дека ќе го суспендира производството до 1 октомври. Причината е сајбер нападот што се случи на почетокот на септември, кој ја парализираше работата и им го отежна работењето на помалите добавувачи.

Оваа компанија, која е во сопственост на индискиот „Tata Motors“, има три фабрики во Велика Британија и произведува околу 1.000 возила дневно. Поголемиот дел од 33.000 вработени во JLR ќе останат дома до крајот на месецот, а компанијата ќе изгуби десетици милиони фунти поради суспензијата, објавува весникот „Guardian“.

Запирањето на производството влијае на добавувачите и поширокиот автомобилски сектор во Велика Британија, што доведе до пад на вкупното производство во Велика Британија во септември. Британскиот министер за економија, Питер Кајл, планира да ја посети JLR и да разговара за мерките за помош со компаниите од синџирот на снабдување.

Производството на JLR поддржува околу 104.000 работни места во синџирите на снабдување низ цела Велика Британија, а синдикатите предупредуваат за негативни последици за пазарот на трудот. Поради оваа причина, тие ја повикуваат владата во Лондон финансиски да му помогне на погодениот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот