Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Британец уапсен во Клиничкиот центар, агресивно се однесувал кон полицајци

39-годишен Британец вчера бил уапсен во кругот на скопскиот Клинички центар, откако агресивно се однесувал кон полицајци кои работеле, соопшти МВР.

„Денеска (08.11.2024) вo 02.40 часот во Скопје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Д.Е.М.Џ.(39) од Велика Британија затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот