Бриселскиот парламент отвора прва дебата за расизмот со граѓанско учество

Парламентот на бриселскиот регион од денеска почнува прва широка законодавна расправа за справување со расизмот, јави дописничката на МИА од Брисел.
На седницата се повикани да учествуваат и 45 обични граѓани покрај политичките партии застапени во парламентот на Брисел.
Во последните неколку месеци повеќе смртни случаи на млади припадници на африканската заедница по судир со полицијата го вклучија алармот во граѓанското општество. Граѓаните на Брисел минатата година масовно излегоа и на протест против полициската бруталност по убиството на Џорџ Флојд во САД.
Целта на оваа седница е да се излезе на крајот со јасни препораки до извршната власт врз кои треба да се елаборира јасен акциски план за борба против расизмот и дискриминацијата.
Предвидени се осум седници начелно: исламофобија, антисемтизам, ксенофобија. афрофобија, како и омразата кон припадниците на азиската заедница, феномен кој се засили со појавувањето на коронавирусот. Ќе се дебатираат сите форми на дискриминација – на пазарот на трудот, во здравството, мобилитетот и јавниот простор и сите други регионални овластувања.
Граѓаните кои ќе учествуваат се избрани на ждребка. Ова е прв пат обични граѓани да бидат активно вклучени во парламентарната работа во регионот Брисел.
За сега во Белгија само германската заедница го испробала овој систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот