Брисел го осуди рускиот напад врз Киев во кој беше погодена делегацијата на ЕУ

Европската Унија денеска остро го осуди синоќешниот руски напад врз Киев, во кој, според најновите податоци, беа убиени најмалку десет лица, а меѓу погодените згради беше и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина.

Руските сили во текот на ноќта започнаа голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, при што загинаа најмалку 10 лица, беа повредени 38 и беа оштетени станбени и други згради во седум области, соопштија украинските власти утринава.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека нападот, во кој загина и едно дете, му го покажа на светот одговорот на Русија на дипломатијата во услови на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната.

„Згрозен сум од уште еден ноќен, смртоносен ракетен напад врз Украина. Моите мисли се со украинските жртви и со персоналот на делегацијата на ЕУ во Украина, чија зграда беше оштетена во овој намерен руски напад“, објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Коста додаде дека ЕУ нема да биде заплашена. „Руската агресија само ја зајакнува нашата решеност да застанеме покрај Украина и нејзиниот народ“. Комесарот за проширување Марта Кос, исто така, го осуди нападот врз станбената зона и зградата на делегацијата на ЕУ

„Остро ги осудуваме овие брутални напади, јасен знак дека Русија го отфрла мирот и избира терор. Изразуваме целосна солидарност со вработените во ЕУ, нивните семејства и сите Украинци кои страдаат од оваа агресија“, објави Кос на платформата X.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот