Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Бретон: Европа се стекна со доволно искуство во борбата против коронавирусот

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека европските држави се стекнаа со доволно искуство во борбата против новиот коронавирус и затоа при евентуален втор бран борбата во поголем степен ќе се води на локално ниво.

– Со стекнатото искуство, наместо да се затвораат цели држави ќе можеме да ги обезбедиме регините еден по еден, секоја зона една по една. На тој начин ударот врз економијата ќе биде значително помал, истакна Бретон.

Тој додаде дека Европа се уште не е целосно излезена од изолацијата и оти продолжува борбата со епидемијата и затоа сите треба да бидат внимателни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот