Фото: EPA/MATTEO BAZZI

Бразилскиот суд ја потврди деветгодишната затворска казна на Робињо за силување

Бразилскиот суд донесе одлука според која поранешниот напаѓач на Милан, Робињо ќе мора да оди во затвор по казната која претходно беше потврдено во Италија каде што Бразилецот сторил делото.

Робињо ќе мора да отслужи затворска казна од девет години во Бразил, а на оваа одлука има право да се жали до Врховниот суд во Бразил, наведува „ЕСПН“.

Судскиот совет гласал во однос 9:2 за потврдата за пресудата на поранешниот голгетер кој во кариерата покрај Милан настапуваше уште за Реал Мадрд и Манчестер Сити. Робињо е осуден за случај од 2013 година во период додека го носеше дресот на „росонерите“.

Бразил не ги екстрадира своите државјани, па поради тоа Италија бараше Робињо да биде затворен во матичната земја. На почетокот на рочиштето адвокатот на Робињо, Жозе Едуардо Алкмин побара судењето да биде повторено во Бразил на основа на националниот суверенитет.

Првиот судија кој гласеше, Франсиско Фалкао истакна дека Робињо би требало казната да ја отслужи во Бразил. Тој предупреди дека поранешниот репрезентативец не може да помине неказнето и дека тоа би можело да доведе дипломатски проблеми помеѓу Бразил и Италија.

„Не постои препрека да се потврди извршувањето на неговата казна. Тоа го потврди судот во Милано кој е надлежен орган во овој случај. Пресудата е правосилна. На обвинетиот не му е судено во отсуство бидејќи имал свој застапник“, изјави Фалкао.

Робињо жовее во Сантонс, а својот пасош го предаде на бразилските власти во март 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот