Српска полицја апсење на убиецот / Фото: Oliver Bunic / AFP / Profimedia

Братот на убиениот чувар Драган: Немаше деца, но го даде животот штитејќи ги децата

Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така, изјави братот на покојниот Драган В. чуварот кој настрада во масакрот во Белград, за Телеграф.рс.

Тој вели дека Драган бил разведен и немал деца, но ги штител децата во училиштето.

„Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца“, вели тој.

Голема трагедија се случи во средата наутро, кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик во седмо одделение, уби осуммина ученици од ова училиште и обезбедувачот, а рани шестмина ученици и наставничката по историја.

Таткото на детето изјавил дека не е виновен, иако тој го научил синот да пука од пиштол и го носел да вежба стрелање. На угледниот лекар-радиолог судот му одреди притвор од 30 дена. Тој воедно се товари дека несоодветно го чувал оружјето.

Синоќа во околината на Младеновац кај Белград се случи и втор масакр во 48 часа – 21-годишно момче застрела и уби девет луѓе во неколку села, а рани уште седуммина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот