фото: РК Еурофарм Пелистер

Браќата Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите со РК Еурофарм Пелистер

Новата сезона тропа на врата, но проектот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се протега многу подолго и затоа македонскиот шампион размислува и за иднината.

Двата репрезентативни „бисери“ и членови на клубот со години наназад, Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 година и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим.

Со овој потпис клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес.

Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот