Фото: МИА

Браќа-насилници од Тетовско ја натепале снаата, татко ѝ и нејзиниот брат

Двајца жители на село во тетовско, кое полицијата не го открива, ќе одговараат откако ја нападнале сопругата на едниот од нив, а потоа отишле и во куќата на сватовите и ги нападнале таткото и братот на жената, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(37) и Ф.М.(44) двајцата од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 12.08.2025, првопријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а потоа во куќата на нејзиниот татко, двајцата пријавени физички ги нападнале таткото и братот на неговата сопруга“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот