Брачна двојка цел месец спијат на терасата, бидејќи имаат дух во станот

Семејството е убедено дека нивниот дом го прогонува дух, па француската двојка повеќе од еден месец спие во мал шатор поставен на балконот од нивниот стан.

Патриција и Дејвид Ц. и нивните две деца се преселиле во стан во општината Реплонж во септември минатата година. Нивниот нов дом бил простран, добро осветлен и модерен, но семејството не успеало да ужива во него долго време затоа што почнале да се случуваат бизарни работи, пишува „Одити сентрал“.

Патриција тврди дека нејзината ќерка почнала да гледа чудни и необични работи низ куќата набргу откако се вселиле, а по извесно време целото семејство се уверило дека во нивниот стан се случува некоја паранормална активност.

Работите станале толку лоши што морале да стават шатор на балконот за да спијат во мир, а го користат повеќе од еден месец.

– Сѐ започна со црните сенки – изјавила двојката за францускиот весник „Ле Прогрес“. „Потоа стануваше сè погласно: светлото нагло се гасеше, телевизорот сам се вклучуваше, телефонот се замрзнуваше без причина, садовите испуштаа чудни звуци итн.“

Заситени од „паранормални појави“, брачната двојка побарала услуга од таканаречен „магнетизатор“, личност која користи магнетна енергија за откривање духови, која, откако го прегледала станот, им рекла дека ги прогонува „заробениот“ дух на жена од 19 век, која сакала да си заминат.

Бидејќи двојката нема луксуз да се пресели, а компанијата што управува со зградата тврди дека сè е во ред со станот, бидејќи веќе два пати претходно бил изнајмен без инциденти, двојката решила да спие во шатор, и тоа на терасата. Тие повторно поднеле барање за друг стан, но засега чекаат и спијат на балконот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот