Илустрација за магнетен лов / Фото: Julien Helaine / AFP / Profimedia

Брачен пар пронашол сеф со 100.000 долари додека ловеле со магнет во Њујорк

Маж и жена од Њујорк станале побогати за 100.000 долари откако пронашле сеф со кеш додека ловеле со магнет.

Во петокот попладне, на 31 мај, Џејмс Кејн и Барби Агостини фрлиле јаже со силен магнет прицврстен на крајот во езерото во паркот Флешинг Медоус во Квинс.

Парот успеал да го отвори сефот и пронашол готовина, снопови од 100 долари, со проценета вредност од 100.000 долари, иако парите биле оштетени од водата.

Во интервју за „ЊЈ1“, Џејмс Кејн објасни дека почнале со магнетен лов за време на пандемијата на ковид-19 поради привлечноста на ловот на богатство без да треба да трошат многу пари на опрема. Магнетниот лов вклучува поставување јаже со силен магнет во водата со надеж дека ќе се извлечат метални предмети.

Фото: Julien Helaine / AFP / Profimedia

Сепак, никој од нив не очекувал дека ќе најдат сеф со толку готовина, пренесува „Гардијан“.

Тие открија дека стапиле во контакт со Полицискиот оддел на градот Њујорк за откритието, но оттаму им било кажано дека немало криминал во врска со готовината и дека нема начин да се идентификува оригиналниот сопственик на сефот, што значи дека им било дозволено да го чуваат.

„Не можев да поверувам“, изјави Агостини.

Тие рекоа дека никогаш досега не нашле нешто слично, наведувајќи ги некои од нивните претходни улови – стари пушки, гранати од Втората светска војна, мотоцикл со целосна големина, странски монети и накит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот