Божиновска: Неквалитетните горива немаат место на македонскиот пазар

Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат под закрила на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишаа договор за соработка, според кој, ќе се тестира квалитетот на течните горива.

Министерката Божиновска истакна дека примарна цел на овој договор за соработка е заострување и зголемување на бројот на контроли за квалитетот на течните горива, кој ќе обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.

„Со овој потег, државата праќа јасна порака: неквалитетните горива немаат место на македонскиот пазар. Потрошувачите добиваат квалитет и сигурност, додека институциите покажуваат дека се посветени на повисоки стандарди и подобра заштита на јавниот интерес“, додаде Божиновска.

Инспекциските тимови за анализа на квалитетот на горивата ќе ја користат лабораторијата за мострирање и тестирање во рамки на Бирото за метрологија, а ќе вршат и вонредни инспекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот