Фото: Профимедиа

Ботови, лажни профили и организирани кампањи на социјалните мрежи: Фејсбук главен фронт за дезинформирање

Во Виетнам, граѓаните мораа да објавуваат пораки со поддршка за владата на нивните лични Фејсбук-профили. Владата во Гватемала користеше хакирани или украдени профили на социјалните мрежи за да ги замолчат оние со различни мислења. Владеачката партија во Етиопија вработи луѓе да ја „фалат“ партијата на социјалните мрежи.

И покрај зголемените обиди на платформите како Фејсбук во борбата со дезинформациите на Интернет, користењето на различни техники од страна на владите ширум светот се проширува, според извештајот на истражувачите на Универзитетот во Оксфорд. Владите продолжуваат да шират дезиформации за да ги дискредитираат политичките противници, да ги замолкнат оние со спротивни гледишта и да се вмешуваат во внатрешните работи на странски земји, објави „Њујорк тајмс“.

Истражувачите составија информации од медиумски организации, граѓански групи и влади за да создадат едно од најсеопфатните истражувања за практики на деизформирање од владите во светот. Тие дојдоа до сознанија дека бројката на земји кои се служат со кампањи за политички дезинформации повеќе од двојно се зголемил во последните две години, со докази дека најмалку една политичка партија или владин ентитет во секоја од тие земји се служел со манипулации на социјалните мрежи.

Фејсбук останува главната социјална мрежа на која се појавуват дезинформациите. Организирани кампањи за пропаганда на платформата забележани се во 56 земји.

– Технологијата на социјалните мрежи има тенденција да ја засилува пропагандата и дезинформациите на нови начини – изјави Саманта Бредшо, истражувач на Институтот за интернет во Оксфорд и една од авторките на студијата.

Истражувањето го нагласува континуираниот предизвик за Фејсбук, Твитер и Јутјуб, во време кога тие поинтензивно се обидуваат да се борат со дезинформациите, особено кога виновници се владите. Компаниите најавија внатрешни промени за да се намали манипуацијата на социјалните мрежи и странското вмешување.

Но, истражувањето покажува дека користењето на тактиките, кои влучуваат ботови, лажни профили и платени „тролови“ расте. Во последните месеци, платформите суспендираа профили поврзани со владите во Кина и Саудиска Арабија.

– Новите онлајн-кампањи за дезинформации веќе не може да се разбираат како дело на „индивидуални“ хакери или активисти, или тинејџери кои седат во својот дом и креираат кликбејт-наслови. Постои нов агол на професионализам во оваа активност, со формални огранизации кои имаат планови за вработување, бонуси за перформанси, па дури и рецепционери за прием – смета Филип Н. Хауард, директорот на Институтот за интернет во Оксворд.

Во изминатите годиини, владите користеа и „сајбер трупи“ за моделирање на јавното мислење, вклучувајќи и мрежи на ботови за засилување на пораките, групи на тролови кои ги вознемируваат политичките неистомисленици или новинари и резултати од лажни профили на социјалните мрежи за лажно претставување на тоа колку луѓе се вклучиле и го виделе прашањето или темата.

Тактиките повеќе не се ограничени само на големите земји. Малите држави сега лесно можат да постават и спроведат операции за влијание на Интернет. Истражувачите од Оксфорд велат дека социјалните мрежи сега лесно се користат од владите за потиснување на човековите права, дискредитирање на политички опоненти и противници, во земји како Азербејџан, Зимбабве и Бахреин. Во Таџикистан, студентите на универзитетите биле регрутирани за да создаваат лажни профили и да споделуваат ставови на владата. За време на истрагите за кампањите за дезинформации во Мјанмар, се појавија докази дека официјални лица од армијата биле тренирани од руски оперативци како да користат социјални мрежи.

Повеќето од кампањите за дезинформации делуваат на домашно ниво. Но, најмалку седум земји се обиделе да влијаат на ставовите надвор од нивните граници: Кина, Индија, Иран, Пакистан, Русија, Саудиска Арабија и Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот