Фото Архива на СП

Босанските камионџии на 28 април ќе престанат да возат, бараат од ЕУ да им го зголеми престојот

Со цел да се изврши притисок врз властите во БиХ конечно да почнат да си ја вршат својата работа, во организација на Конзорциумот „Логистика на БиХ“, во понеделник околу илјада камиони ќе тргнат кон Сараево. Превозниците бараат од властите во БиХ да направат повеќе за да им го олеснат подолготрајниот престој на граѓаните на БиХ. Накратко – тие го сакаат само она што веќе го имаат возачите од соседните земји.

Доколку надлежните не ги слушнат, за 28 април се најавува целосен прекин на патниот сообраќај во земјава до исполнување на барањата. Иако Конзорциумот со години ја предупредуваше Владата дека нерасчистената состојба во транспортниот сектор постојано ќе ги зголемува општите трошоци, никој не ги слушна, велат оттаму.

„Граѓаните на Босна и Херцеговина почувствуваа што значи оваа наша приказна. Цените на производите пораснаа, транспортните трошоци се зголемија затоа што институциите во Босна и Херцеговина не разбираат или не сакаат да се донесе решение“, изјави за Федералната телевизија Велибор Пеулиќ, главниот координатор на Конзорциумот. Конзорциумот смета дека можело да се направи повеќе за да се промени таканареченото правило на ЕУ 90/180, кое, за разлика од другите, ги третира и казнува нашите возачи за подолг престој како туристи, а не како професионални возачи.

„Досега испративме 25 дописи до различни институции, почнувајќи од собраниската Комисија за сообраќај до министерствата за надворешни работи, врски и транспорт“, вели Пеулиќ, пишува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот