Хрватска маркети Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Босанците го прошируваат бојкотот и на автосалони, купување недвижнини, аптеки…

Организаторите на бојкотот на продавниците во Босна и Херцеговина најавија нов бојкот од 21 февруари до 7 март, со тоа што е проширен списокот на субјекти планирани за бојкот. Овој пат, покрај продавниците за малопродажба, автосалоните и автоделовите, ќе бидат бојкотирани и набавките на недвижен имот, градежни материјали, продавници за мебел, продавници за облека и обувки, продавници за железарија, продавници за домашни миленици, туристички агенции и аптеки, информира Кликс.ба.

Некои од споменатите продавници тешко ќе се бојкотираат, како аптеките, со оглед на тоа дека се работи за здравје, додека одредени продавници, како автосалоните и продажбата на недвижности, мнозинството граѓани ги „бојкотираат“ речиси цел живот. Инаку, првиот бојкот на продавниците во Босна и Херцеговина беше одржан на 31 јануари и беше најуспешен, но официјалните податоци на даночната управа на ФБиХ покажуваат дека тој е далеку од успешен. После тоа се одржа дводневен бојкот, но сè уште нема видлив ефект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот