Фото:: Borussia Dortmund

Борусија Дортмунд по поразот од Болоња остана без тренер

Борусија Дортмунд по вчерашниот пораз од Болоња во Лигата на шампионите објави дека се разделува со тренерот Нури Сахин.

„Милионерите“ беа поразени со 2:1 во претпоследното коло од Лигата на шампионите и така значително си ги намалија шансите за место помеѓу најдобрите осум екипи кои обезбедуваат место во осминафиналето.

Сахин на клупата на Борусија пристигна пред почетокот на оваа сезона и на 27 натпревари во сите натпреварувања оствари 12 победи, четири нерешени натпревари и 11 порази.

Поразот од Болоња за Борусија беше четврти во низа во сите натпреварувања и очигледно раководството сметало дека е време за промена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!