Бојко Борисов, претседател на ГЕРБ/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Борисов: Во ЕУ и НАТО се одвиваат процеси за Северна Македонија без учество на Бугарија

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека преговорите за мнозинство и за влада се одвиваат добро, а колку помалку се зборува, толку се поголеми шансите за успех. Борисов додаде дека откако ќе се подготви основната рамка за програмата, во разговорите ќе биде вклучена и ИТН.

Според лидерот на ГЕРБ, Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација.

Борисов најави и дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и при разговорот стана јасно дека во последните 2-3 години и во ЕУ и во НАТО има процеси кои се однесуваат на Република Северна Македонија, кои се развиваат без учество на Бугарија, од што земјата загуби.

Борисов коментира и дека Асен Василев и Дељан Пеевски го спречуваат формирањето на редовна влада.

Од почетокот на неделата преговарачкиот тим на ГЕРБ-СДС води разговори за изнаоѓање мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот