Жосеп Борел / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам и другите ќе ја следат

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ја поздрави како „многу добра вест за Украинците“ одлуката на САД да ја овласти Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија и рече дека се надева дека сите земји членки на ЕУ ќе ја следат одлуката.

„Во Европа тоа е национална надлежност. Некои земји членки тоа веќе го прават отворено, други го прават тоа без да кажат ништо, а некои не кажаа ништо вчера. Но, сигурен сум дека ќе го следат примерот на САД да им дозволат на Украинците да користат оружје за да се борат против Русите на руска територија. Затоа што се напаѓани од руска територија. И тоа е целосно во согласност со меѓународното право. Денес ќе разговараме за тоа. Се надевам дека сите земји членки ќе ја следат одлуката на САД“, изјави Борел.

Тој додаде дека САД донеле важна одлука „која секако ја поздравувам“.

„По долги дискусии, американскиот претседател Бајден одобри употреба на оружје со долг дострел до 300 километри на руска територија. Ова е многу добра вест за Украинците. Тие тоа го побараа“, рекол Борел, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот