
Борбата за „крвавите дијаманти“ од Централноафриканската Република ја водат бунтовниците и странските сили
Русија предложи да се укине забраната за продажба на таканаречените „крвави дијаманти“ од Централноафриканската Република (ЦАР), поранешната француска колонија преплавена со граѓански судири откако по отпорот на САД и Европа воспостави трговски и воени врски со Москва.
Препорачано
ЦАР треба да даде конкретен план со детално наведени чекори кои треба да ги следи за ембаргото да биде укинато, смета заменикот на рускиот министер за финансии Алексеј Моисев.
– Ситуацијата во ЦАР не се подобрува и повеќе не можеме да одложуваме. Мораме да се осигураме дека дијамантите со кои нелегално се тргува треба да преминат на легалниот пазар и да им донесат приходи на луѓето и државата – рече тој и дополнително ги „подгреа“ сомненијата дека од трговијата со „крвавите дијаманти“ првенствено и најмногу ќе профитира Русија.
Во моментот кога влијанието на САД и Европа во ЦАР започна да биде се послабо, рускиот претседател Владимир Путин ја искористи можноста на континентот богат со ресурсти да го обвнови влијанието од советското време. На првиот руско-африкански самит во октомври беше домаќин на повеќе од 50 лидери од континентот, а следната година ќе ја преземе ротирачката стоилица во Процесот Кимберли (КП), групата на држави и НВО кои ја следат трговијата на дијаманти за да се спречи профитирањето на нелегалните оружани групи.
ЦАР е на црната листа од 2013 година, иако ембаргото подоцна е „олеснето“ со воспставување на владини „зелени зони“ на кои е дозволено ископувањето на скапоцените камења.
Русија тврди дека извозот на дијаманти од ЦАР, чија регистирана продажба падна на 39.000 карати годишно во однос на 300.000 пред забраната, би била од корист на земјата со пет милиони жители. Повеќе од 90 отсто од ископаните дијаманти во ЦАР и така се продаваат, но на црниот пазар.
– Жителите немаат друг избор, а за својот труд добиваат малку пари, бидејќи цената на шверцуваните дијаманти е пониска – вели Моисев, а пренесува „Москва тајмс“.
Во моментов со Процесот Кимберли (КП) со кој претседава Индија, му дозволи на ЦАР да издаваат сертификати за дијамантите од „зелените зони“, што руското Министерство за финансии го нарече „вистински чекор“ за целосен извоз.
Предлогот на Русија, меѓутоа, уште од почетокот наиде на отпор на Европа и САД.
ЕУ соопшти дека нема да го укинува ембаргото додека властите во ЦАР не започнат да даваат гаранции дека дијамантите не се копаат во зоните кадешто нема судири и дека целиот процес ќе биде строго контролирал, што во моментов не е случај.
– Руските активности во ЦАР имаат за цел да ги искористат кревките институции во оваа земја и слабото владеење на законот, а не да го поддржат економскиот раст – реагираше и американскиот Стејт Департмент.
Централноафриканската Република, на многумина денес ѝ е позната како земјата по ексцентричниот самопрогласен цар Бокаси, а богата е со ресурси чија експлоатација практично уште не е започната. И покрај големиот потенцијал, нејзините жители се соочуваат со голема сиромаштија и огромно насилство, а во земјата се чести и етничките и верските судири.
Најмногу „крвави дијаманти“, драги камења кои се копаат на воените подрачја, шверцуваат бунтовничките групи кои се борат за рудниците и дополнително го „разгоруваат“ судирот во кои страдаат илјадници луѓе, а раселени многу милиони ители.
Затоа владата, во надеж да воспостави контрола над трговијата со дијаманти и случувањата во земјата, најде нов партнер во Русија, чии платеници ширум земјата ги обучуваат локалните војници.
Владата на ЦАР срдечно ги дочеа Русите со надеж дека тие ќе овозможат стабилност во нивната земја и ќе добијат дозвола за легална продажба на дијамантите, а заработените пари ќе ги искористат во обнова на земјата.
Но, помошта на Русија има цена, пишуваше „Њујорк тајмс“, а руските претставници веќе потпишуваат договори со владата за копање на дијаманти.
Руските оперативци кои со години делуваат ширум ЦАР исто така се здружиле со бунтовниците за да стигнат до дијамантите од нелегалните области, според наводите од припадниците на владата од оваа земја. На тој начин профитираат од злоделата против кои треба да се борат, а многу од платениците се обвинети за кршење на човековите права.
Централната руска фигура во ЦАР, според информациите на локалните и западните официјални лица, Јевгениј Пригожин, е близок пријател на рускиот претседател. Контроверзниот бизнисмен со прекарот „Готвачот на Путин“, кој во Америка е обвинет за мешање во претседателските избори во 2016 година, во ЦАР е поврзан со рударски, безбедносни и логистички компании.
Според „Њујорк тајмс“, во замена за помош, Пиргожин обезбедил концесии за злато и дијаманти во ЦАР. Тројца руски новинари се убиени во ЦАР минатата година кои го истражувале неговото работење, рече прогонетиот тајкун Михаил Ходорковски кој го финансирал патувањето на новинарите.