Фото: Рexels-maria-kray

Борба против загадувањето: Научници го претворија пластичниот отпад во материјал за заробување на јаглерод диоксид

Концентрациите на јаглерод диоксид во атмосферата продолжуваат да растат и покрај обидите за ограничување на емисиите, а океаните се дават во пластика, што ја загрозува морската средина и екосистемите. Клучните глобални проблеми често се поврзани и често се случува решението за еден проблем да создаде нов проблем. Но, што ако е можно да се решат неколку проблеми истовремено?

Звучи премногу добро за да биде вистина, но еден нов изум ветува токму тоа. Истражувачите на Универзитетот во Копенхаген развија метод во кој деградираната ПЕТ пластика станува главна состојка за ефикасно и одржливо заеобување на јаглерод диоксид, објави Универзитетот во Копенхаген.

– Убавината на овој метод е во тоа што решаваме еден проблем без да создаваме нов. Со претворање на отпадот во суровина што може активно да ги намали стакленичките гасови, го правиме еколошкиот проблем дел од решението за климатската криза – рекла Маргарита Подерите од Одделот за хемија на Универзитетот во Копенхаген.

Решението е потенцијално добитна комбинација на глобално ниво, бидејќи пластичниот отпад не само што не завршува во природата, туку станува и активен играч во ублажувањето на климатските промени.

Користејќи нова хемиска технологија, истражувачите се во можност да го трансформираат отпадот од ПЕТ пластика, кој е занемарен од рециклаторите, во примарен ресурс во нова форма на апсорбер за јаглерод диоксид што го развиле. Процесот го „рециклира“ (го подобрува со рециклирање) во нов материјал што истражувачите го нарекоа БАЕТА кој може да апсорбира јаглерод диоксид од атмосферата толку ефикасно што лесно може да се спореди со постојните технологии за зафаќање јаглерод.

Материјалот БАЕТА има прашкаста структура што може да се пелетизира и хемиски „подобрена“ површина, што му овозможува многу ефикасно да врзува и хемиски да го зафаќа јаглерод диоксидот. Кога е заситен, јаглерод диоксидот може да се ослободи преку процес на загревање, овозможувајќи гасот да се концентрира, собира и складира или претвора во одржлив ресурс. Во пракса, истражувачите очекуваат дека технологијата прво да се инсталира во индустриски постројки, каде што издувните гасови од оџаците ќе минуваат низ единици со материјал БАЕТА за да ги исчистат од јаглерод диоксид.

Истражувачкиот труд е објавен во „Саенс адвансес“ и го опишува хемискиот процес зад овој изум. Процесот е благ во споредба со постојните технологии и, во исто време, погоден за индустриско скалирање.

– Главната состојка е пластичен отпад кој инаку би имал неодржлив живот, а синтезата што ја користиме, каде што се одвива хемиската трансформација, е поблага од другите материјали за зафаќање на јаглерод диоксид бидејќи можеме да ја извршиме синтезата на собна температура. Исто така, има предност што технологијата може полесно да се скалира – рекла Маргарита Подерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот