БОНОБО, општествено одговорен угостителски објект во центарот на Скопје

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ СЕ ЧИТА ВО БОНОБО!

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од првите угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е новоотворениот хи-фи бар „БОНОБО“ (BONOBO – Bonobo | Drink Vinyl Plate) во центарот на Скопје, а во продолжение ќе дознаете повеќе за новото место во градот кое веќе станува една од најпопуларните угостителски објекти за пијалок, храна и музика.

БОНОБО – ново место во градот за задоволување на сите сетила

Како угостителски објект, постоењето на „Бонобо“ е релативно нов, со официјално отворање кое се случи на 4. декември 2024 година. Сепак, нивното присуство беше забележано и најавено уште во октомври изминатата година, кога беа дел од култниот скопски фестивал „Култиватор“, заедно со BKW Hybrid Bar и Кино Карпош, каде што успешно се претставија пред пошироката јавност.

Сместен во центарот на градот, „Бонобо“ се издвојува како место со фантастичен ентериер, прекрасно зеленило и соодветна атмофера за кој било момент да решите да го посетите.

 

„Секој дел од денот кај „Бонобо“ носи своја специфична магија. Утрата започнуваат со совршено кафе и избор на вкусен „бранч“ (brunch), создадени за да се започне денот со убава енергија.

Попладнето е резервирано за префинети моменти, без разлика дали сте во потрага по одличен избор на квалитетна храна, „полнење батерии“ за време на работната пауза, или пак опуштена пост-работна атмосфера.

„Бонобо“ е одлично и за соло посета, како и оброк со колеги или блиски“, ни споделија од „Бонобо“, а ние неколкупати ги посетивме и се уверивме во кажаното.

Но, магијата во ова место продолжува и навечер, кога се „преобразува“ во фантастично место за слушање добра музика и пиење квалитетни пијалоци.

„Вечерите кај нас добиваат посебна динамика преку внимателна селекција на музички сетови на винил плочи, што ја надополнуваат атмосферата, создавајќи уникатно искуство за сите сетила“

Во „Бонобо“ навечер се „врти“ опасно добра музика на најверојатно најестетскиот пулт во градот, а резиденти се неколку добропознати скопски ди-џеи кои важат за омилени на локалната публика, но неретко гостуваат и звучни странски имиња. За тоа каква е атмосферата во вечерните часови, сведочат видео записите кои ги објавуваат на „стори“ на нивниот официјален инстаграм-профил, па заследете ги за да бидете во тек со сите новости во Бонобо.

Погоре го спомнавме одличнот ентериер, па веднаш штом влезете во пространиот, светол објект, ќе го забележите огромниот, висок дрвен ѕид полн полн со плочи, соодветен на придавката „хи-фи“ бар. Со богатата локална и странска селекција, многу веројатно е дека на музичкиот ѕид во „Бонобо“ ќе пронајдете и ваши музички фаворити, ние веќе си ги пронајдовме 🙂

Особено ни падна во очи големата фотелја поставена во срцето на објектот. Ја „испробавме“ и веќе ни е на листата на најудобни места на кои може да се опуштите низ град, идеално место за читање весник ;). Зад фотелјата е музичкиот ѕид, а тука е и кустомизираниот дрвен пулт кој навечер е централната точка на забавата.

Местото е збогатено со зеленило и уметнички дела на соодветни места и лесно воочливо е колку внимание се посветува за позитивно искуство на гостите, па сигурни сме дека при вашата прва посета ќе си помислите: „светско, а наше“.

Сметаме дека храната е можеби најсилната страна на „Бонобо“ и имавме можност да го запознаеме тимот на професионалци кои посветено и со љубов приготвуваат невевројатно вкусна храна, па следен пат кога ќе посакате нешто вкусно, ова е местото за фантастична храна.

Ги прашавме, што според тимот на „Бонобо“ треба да пробате штом појдете, па запамтете за вашата следна нарачка:

Во зависност од вашите желби, нудиме вкусни опции за секој момент од денот. За совршен почеток на утрото, препорачуваме ориентални или ШакШука јајца:

Доколку сте во брзање, нашата to-go витрина секогаш е полна со свежи салати и сендвичи, внимателно подготвени за сечиј вкус:

За време на ручек, не можете да погрешите со Мизо глазиран лосос или Миланезе шницлата од црна свиња – вистински избор за гурманско задоволство на кој ќе се навраќате

 

 

Ние пак, мора да истакнеме дека во Скопје конечно има понуда на популарниот англиски оброк „фиш енд чипс“ (Fish&Chips), и тоа во Бонобо!

 

Тука се и неверојатно вкусните слатки задоволства:

Веќе ви е јасно дека ова место нуди сериозна селекција на интернационални јадења, но менито е збогатено и со неверојатен избор на одлични (без)алкохолни пијалaци и коктели, за задоволството да биде комплетно.

Како што велат од Бонобо, нивната мисија е јасна:

Drink-Vinyl-Plate – е комбинација која ги буди сите сетила и создава незаборавно искуство. Со внимателно избрани пијалоци, вкусна храна и уникатни винил-сетови, создаваме совршена хармонија. Нашиот тим се посветува на тоа атмосферата секогаш да биде пријатна и прилагодена на вашите желби. Целта ни е да ги доближиме гостите до овој амбиент, да ги инспирираме да останат подолго и секогаш со нетрпение да се вратат повторно.

Ние дефинитивно ќе се враќаме често во „Бонобо“, затоа што нашите сетила за вкусна храна, фантатична атмосфера и добра музика беа целосно задоволени! 🙂

ЛОКАЦИЈА: Улица Железничка бр. 41, во непосредна близина на Croatia Осигурување и во близина на влезот на Diamond Mall.
РАБОТНО ВРЕМЕ: Понеделник до петок 08:00 – 01:00 / сабота 09:00 – 01:00 / недела 11:00 – 19:00.

СЕ ЧИТАМЕ ВО БОНОБО!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот