
Бомбашки напад врз нафтовод во Колумбија
Нафтоводот Кањо Лимон-Ковенјас, во североисточна Колумбија, беше цел на бомбашки напад од непознати напаѓачи, објави компанијата за управување „Ценит“, подружница на државната нафтена компанија „Екопетрол“.
Препорачано
Нападот врз 780-километарскиот нафтовод се случи вчера, во недела, што резултираше со прекин на транспортот од наоѓалиштата на брегот на земјата, во Карибите, каде што се извезува нафта.
Не се пријавени жртви.
Бомбардирањето доведе до активирање на план за вонредни состојби за справување со протекувања и загадување на животната средина, рече администраторот на Ценит, кој, сепак, не ја припиша одговорноста на ниедна организација.
Нападот бил извршен во претежно рурална област во Саравена, во департманот Араука, според Ценит.
Според војската, во областа дејствуваат и Националната ослободителна армија (ЕЛН) и дисиденти од поранешната герилска организација Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои го отфрлаат мировниот договор од 2016 година.
Нафтоводот, со капацитет од 210.000 барели дневно, се наоѓа по должината на границата со Венецуела и често е цел на напади, од кои некои предизвикале пожари и загадување на реките и потоците, според операторот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5