Војник на воената хунта во Мјанмар / Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Бомбардиран будистички храм во Мјанмар, најмалку 23 мртви

Најмалку 23 лица загинаа во авионски напад врз будистички манастир во Мјанмар, соопштија денес членови на движењето на отпорот во таа земја.

Нападот се случил синоќа во селото Лин Та Лу во централниот дел на земјата, во кој околу 30 лица се повредени, додека 10 се во тешка состојба.

Во последните неколку недели, повеќе од 150 лица од околните села се засолниле во манастирот, кој бил бомбардиран од млазен авион, со цел да избегнат копнени напади во регионот.

Војската на Мјанмар претходно изјави дека напаѓа само легитимни воени цели и ги обвини силите на отпорот за тероризам. Земјата е во граѓанска војна од февруари 2021 година, кога војската ја презеде власта, предизвикувајќи мирни демонстрации кои беа насилно потиснати. Противниците на војската потоа почнаа да се вооружуваат, а војската им се спротивставува со воздушни напади од кои не можат да се одбранат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот