Болсонаро (Фото: Palácio do Planalto / Wikipedia / Flickr)

Болсонаро доби 27 години затвор, одбраната на поранешниот бразилски претседател ќе се жали

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е осуден на 27 години и три месеци затвор, јавија светските медиуми. Врховниот суд на Бразил го прогласи Болсонаро за виновен за заговор за државен удар заедно со претставници од вооружените сили и неговите поддржувачи против владата на левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, кој го победи на изборите во 2022 година.

Четворица од петтемина судии во Врховниот федерален суд на Бразил гласаа за осудата. Одбраната на Болсонаро ги осуди „апсурдно прекумерните и непропорционални казни“ и рече дека ќе ги употреби сите законски средства, вклучително и на меѓународно ниво.

Синот на Болсонаро, Едуардо, ги нарече судиите „корумпирани“ и рече дека „војната“ сè уште не е завршена.

Според обвинителите, Болсонаро планирал да прогласи вонредна состојба и да распише нови избори, но успеал да ја добие поддршката од военото раководство.

70-годишниот Болсонаро е првиот поранешен бразилски претседател осуден за обид за државен удар по напуштањето на функцијата. Бидејќи понатамошни правни чекори се уште се можни пред Врховниот суд, затворската казна нема да биде извршена веднаш. Адвокатите на Болсонаро можат да оспорат формални двосмислености во пресудата, но ова веројатно нема да доведе до значителни промени во нејзината содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот