фото: crvenazvezdafk.com

Бојиќ: Бошко Ѓуровски е во добра општа здравствена состојба

На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, македонската фудбалска легенда Бошко Ѓуровски одеднаш се онесвести додека држеше говор.

Легендарниот фудбалер на Црвена звезда брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, каде што беше подложен на детални прегледи.

Информации за здравствената состојба на ѕвездениот ас соопшти директорот на Институтот, Милован Бојиќ:

– Бошко се чувствува добро и е во добра општа здравствена состојба – изјави проф. д-р Милован Бојиќ.

Ѓуровски ќе ги помине сите понатамошни потребни прегледи во наредниот период, за да можат лекарите да бидат целосно сигурни дека сè е во ред.

ФК Црвена звезда му посакува на Бошко Ѓуровски брзо закрепнување и дека наскоро повторно ќе се видат на Маракана.

ВИДЕО | Бошко Ѓуровски се онесвестил додека држел говор на „Маракана“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот