Бојан Јовановски / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Бојан Јовановски го најави „Бумеранг“: Поднесе кривични пријави против Заев, Русковска и други екс-функционери

Бојан Јовановски поднел кривични пријави до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против повеќе поранешни функционери од СДСМ и против поранешната шефица на ова обвинителство, Вилма Русковска. Тој денеска беше повикан пред јавен обвинител да достави докази и да даде исказ во врска со своите сознанија и индиции.

Во изјава за медиумите Јовановски рече дека пријавите се однесуваат на незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба на службена положба и овластување и изборни нерегуларности.

Пријавата што Јовановски ја поднел против Русковска се однесува на злоупотреба на службената положба, тортура и примање поткуп. Притоа спомена дека дел од неговите пријави се однесуваат на Зоран Заев, Александар Кирацовски и Оливер Спасовски.

Името на предметот е „Бумеранг“, а беше најавен пред повеќе од една година во февруари 2023. Тогаш шефот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази формираше предмет и го додели на надлежен обвинител кој требаше да го сослуша Јовановски. Но, поради здравствената состојба на Јовановски сослушувањето се одложи до денеска.

Јовановски претходно преку допис бараше прием кај Абази, тврдејќи дека поседува „бомби“ (снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеозаписи) и сака да поднесе кривични пријави против личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнис-елитата и други лица.

Доказите и материјалот се содржани во еден милион и сто педесет илјади фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот