Бојан Христовски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Бојан Христовски добил НАТО сертификат

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски добил сертификат и според тоа, Христовски во иднина ќе може да располага со сите доверливи инфомации во однос на Алијансата, пренесува МКД.мк.

Во минатото поголем број функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) неодамна констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На седницата на 24-ти декември, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот