
Боинг ќе исплати 2,5 милијарди долари поради заговор околу авионот 737 Макс
Компанијата Боинг се согласи да плати 2,5 милијарди долари, со што ќе ги порамни казните за кривичните пријави во САД дека од службениците за безбедност криела информации за дизајнот на својот авион „737 Макс”.
Препорачано
Американското Министерство за правда соопшти дека авиокомпанијата избрала „профит наспроти искреност”, со што го спречила надзорот на авионите кои имаа две несреќи со човечки жртви, пишува Би Би Си.
Околу 500 милиони долари ќе им бидат исплатени на семејствата на 346 загинати патници во авионските несреќи.
Боинг призна дека со ова порамнување компанијата е доведена до колапс.
Генералниот директор на „Боинг”, Дејвид Калхун изрази уверување дека прифаќањето на оваа одлука е реална состојба за компанијата и претставува соодветен начин за признавање неуспех во остварувањето на своите вредности и очекувања на вистински начин.
– Оваа пресуда сериозно не потсетува сите, колку е важна нашата обврска за транспарентност за регулаторните тела и последиците со кои може да се соочи компанијата доколку некој од нас не ги исполни тие очекувања – истакна Калхун.
Од вкупната казна, повеќето – 1,77 милијарди долари треба да бидат наменети за оние компании кои ги купија авионите од „Боинг” а беа погодени од приземјувањето на леталата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
6мин
-
11мин
-
13мин
-
13мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5