
Богдан сè уште ги чува фотографиите со Цеца, а има нова девојка во која е заљубен
За прв пат по раскинувањето на љубовната врска со фолк – пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, угостителот Богдан Срејовиќ на социјалните мрежи ја покажа својата нова девојка.
Препорачано
Имено, Богдан на својот инстаграм – профил сподели фотографија на која се гледа како се држи за рака со извесна Дарија, а целата оваа сцена беше придружена со зборот „љубов“.
View this post on Instagram
Она што е особено интересно е што на нејзиниот профил е можно да се најде заедничка фотографија направена на крајот на август тековната година.
Парот на првата официјална фотографија позира со манекенката Сунчица Травица.
View this post on Instagram
Откако пред две години во јавноста се рашири веста дека Цеца е во врска со девет години помладо момче, многумина се интересираат кој е мажот што по долги години го привлече нејзиното внимание, со што се занимава и што се крие во неговото минато.
View this post on Instagram
Поранешното момче на фолк – дивата, Богдан, предизвика голем интерес кај балканската јавност, а медиумите секој ден откриваат нови детали за емотивниот партнер на Цеца.
View this post on Instagram
Според написите на српките медиуми, Богдан е управител на елитен ресторан во Белград, а претходно професионално тренирал кошарка, но се занимавал и со манекенство, за што сведочи и малиот број на професионални фотографии на неговиот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Особено внимание предизвика објавата во која стајлингот на Богдан од шоуто потсетува на ликовите од хит-серијата „Peaky Blinders“.
View this post on Instagram
По една година врска, пејачката и угостителот ставија крај на врската, но како што изјавија за српските медиуми разделбата била пријателска. Богдан сè уште ги чува фотографиите со Цеца на својот инстаграм профил иако Дарија ужива во неговата љубов.
ФОТО | Пукна тиквата: Светлана Цеца Ражнатовиќ му кажа „чао“ на момчето