Блупринт-група за реформи во правосудството

Блупринт групата повикува на внимателност при олучувањето на Судскиот совет за судијката Беса

Блупринт групата за реформи во правосудството повикува на внимателно постапување од страна на Судскиот совет за утврдување на одговорност на претседателката на Врховен, Беса Адеми.

Тие велат дека загрижува постапувањето на Советот, бидејќи на седниците е констатирано неприсуството на претседателот на Врховниот суд, како и недоаѓање на состанок откако од нејзина страна биле изнесени наводи за притисоци врз Врховниот суд.

Не загрижуваат и денешните наоди изнесени на седницата согласно кои претседателката не го почитува Законот за Судски совет, а истата не била повикувана на седниците во законски определениот рок од седум дена токму во временски период за кој се повикува на одговорност за недоаѓање на седниците. Дополнително, беше побарано од истата да приложи дополнителна документација со која ќе го оправда своето отсуство.

Од Блупринт бараат Судскиот совет доследно да ги следат основите наведени во барањето за утврдување на одговорност, а да се воздржи од вметнување дополнителни наводи кои не се наведени во барањето.

Дополнително, мора да потенцираме дека загрижувачки е што расправата на комисијата се одржa на 29.12.2023 година, односно на последниот работен ден од годината, непосредно пред новогодишните и божиќните празници. Ваквото постапување предизвикува потенцијален ризик од намалено вниманието на домашната јавност и меѓународните претставници за следење на седницата која е од исклучително значење за понатамошните состојби во правосудниот сектор, имајќи предвид дека станува збор за постапка која се води против претседател на највисокиот суд во државата.

Овие последици пред се ќе бидат посебно отежителни за судиите и погубни за целото судство, поради тоа што ќе се зголеми притисокот од тоа дека истите можат да бидат дисциплински процесуирани и за банални работи како во конкретниот случај, велат од Блупринт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот