Стармер - Макрон - Мерц / Фото: EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Блумберг: Со Европа не може да се управува, има колективна немоќ

Според анализа на Блумберг, премногу европски лидери денес изгледаат немоќни да управуваат со сопствените земји. Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон се само највидливите примери, но проблемите се протегаат од Хаг до Варшава и од Берлин до Мадрид.

Континентот се соочува со „савршена бура“ од затегнати буџети, парламентарна фрагментација, растечки притисок од екстремната левица и десница и протести кои редовно ја полнат улицата.

Франција и Британија во центарот на нестабилноста

Франција денес е еден од најдраматичните примери за политичка стагнација. Петтиот премиер во мандатот на Макрон, Себастијан Лекорну, мора да прави болни компромиси со левицата за да обезбеди поддршка за буџетот, додека Националното собрание – крајно десничарската партија на Марин Ле Пен – се чувствува поблиску од кога било до власт.

Франција/ Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Во Велика Британија, Кир Стармер го загуби политичкиот капитал стекнат со изборната победа. Неговиот буџет беше лошо примена од пазарите, а протестите против миграцијата го зајакнаа Најџел Фараж и неговата Реформска партија, која моментално предничи во анкетите.

Германија, Шпанија и Португалија – поделби и нестабилни коалиции

Иако Германија има поцврсти финансии, коалицијата меѓу CDU и SPD е под притисок, а крајнодесничарската AfD постојано расте во анкетите. Во Шпанија, премиерот Санчез ја одржува власта преку контроверзен сојуз со каталонските сепаратисти, додека Португалија мораше да организира три избори за само три години.

олаф Шолц и Фрдрих Мерц EPA-EFE/FABRIZIO BENSCH / POOL

Италија, со премиерката Џорџа Мелони, изгледа како реток остров на стабилност – таа е најдолго опстојувачкиот премиер од времето на Берлускони. Но и таму, високите долгови и сложената политичка архитектура го ограничуваат просторот за вистински реформи.

Источна и Северна Европа – блокади и вета

Холандскиот премиер Дик Шуф едвај преживеа гласање за доверба и се соочува со предвремени избори. Белгија останува симбол на парализирана демократија – за составување влада по изборите ѝ беа потребни повеќе од шест месеци. Во Полска, премиерот Доналд Туск се соочува со претседател кој може да стави вето на неговите обиди за буџетска дисциплина.

Геополитички последици: Путин, Си и Трамп

Оваа колективна немоќ, пишува Блумберг, ја прави Европа ранлива пред глобалните играчи. Владимир Путин ја тестира континенталната кохезија со дронови над Полска; Кина бара билатерални сојузи за да го наруши европското единство а Доналд Трамп го третира континентот како ресурс што треба да се експлоатира, гледајќи на односите со ЕУ низ призма на трговски трансакции.

Континент на раб на парализа

„Јас сум доста песимист. Светот се промени“, вели италијанскиот политиколог Џовани Орсина.

Неговата дијагноза е јасна: континентот страда од криза на управување, каде традиционалниот консензус околу распределбата на економскиот раст е разнишан од идеолошки поларизации и генерациски судири.

Додека екстремите ја добиваат сцената, европските лидери изгледаат како администратори на парализирани системи – а тоа е слабост која глобалните моќници веќе ја експлоатираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот