Блумберг: Инцидентот во Суецкиот Канал ја зголеми цената на морскиот транспорт

Цената на морскиот трговски превоз се зголеми неколку пати поради блокирањето на Суецкиот канал каде е заглавен товарен брод со контејнери, пишува Блумберг.

Според експертите на агенцијата, сè уште е тешко да се проценат загубите што ќе ги претрпи светската економија поради инцидентот во Суецкиот канал.

До денеска, според Блумберг, стоки и нафтени деривати во вредност од над 10 милијарди долари се блокирани во Суецкиот Канал. Во исто време, кризата предизвика зголемување на цената на морскиот товар.

Блокадата на бродот „Евергрин” во Суецкиот канал може да трае со недели

Доколку каналот остане блокиран неколку недели, танкерите кои испорачуваат нафта и нафтени производи од Блискиот исток во Европа, можат да бидат пренасочени по алтернативна рута – околу ‘ртот Добра надеж. Според проценките на агенцијата, во тој случај трошоците за испорака ќе се зголемат за најмалку 300.000 американски долари, а тоа е количината на гориво што мора да се плати за секој танкер за да се помине растојанието од дополнителни 9.650 километри. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!