Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Блинкен во Париз на разговори за Блискиот Исток

Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен денеска ја започна посетата на Париз во која ќе ја добие највисоката чест на Франција и ќе побара понатамошна координација за турбулентниот Блиски Исток.

Блинкен ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон, кој ќе го одликува со Легијата на честа, највисокиот француски орден за заслуги.

Блинкен, исто така, ќе се сретне со министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро на разговори фокусирани на Блискиот Исток, вклучително и Сирија, каде што силите предводени од исламистите минатиот месец го соборија долгогодишниот владетел Башар ал Асад.

Блинкен утре ќе замине за Рим на разговори со европските колеги за Сирија, пред да му се придружи на Бајден на неговото последно меѓународно патување во кое американскиот претседател ќе се види со папата Франциско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот