Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Блинкен бара ослободување на соборениот претседател на Нигер

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со сменетиот претседател на Нигер, Мохамед Базума, повторувајќи го повикот до пучистите веднаш да го ослободат.

„Разговарав со претседателот Базума од Нигер за да ги пренесам нашите континуирани напори за изнаоѓање мирно решение за актуелната уставна криза. САД повторно повикуваат на негово итно ослободување“, напиша Блинкен на Твитер.

Бунтовниците извршија воен удар во Нигер на 26 јули, по што ги затворија границите, воведоа полициски час, го суспендираа уставот и ги забранија политичките партии. Тие го доведоа на власт генералот Абдурахман Тијани, чии приврзаници го затворија Базум .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!