
„Блиц“: Албанската мафија владее во Велика Британија
Велика Британија веќе со години има големи проблеми со албанските криминалци. Тие значително ги прошириле своите криминални активности, што ги направило најмоќен криминален синдикат на Островот, наведува „Блиц“.
Препорачано
Делувањето на албанските криминалци се илустрира со кратко видео во кое може да се забележат луѓе со карактеристични обележја, како што е двоглавиот орел, големи количини на дрога и сцени на апсење.
Како што наведува српскиот портал, владеењето на албанската мафија на улиците ширум Велика Британија придонело до уште поголемо насилство, убиства и други криминални случувања.
Тие наведуваат дека овие криминалци соработуваат со латиноамериканските картели, што допринело до експанзија на трговијата со дрога на светско ниво, а дрогата се движи и по копнени и по поморски тајни канали.
Овие банди ја стекнале својата озлогласена репутација како организирани криминални групи во кои членуваат сурови луѓе со лесен и непречен пристап до огнено оружје.
Во извештајот на „Скотналд јард“ се наведува дека албанскиот синдикат е како октопод – секој сегмент на криминални активности е разработен до совршенство, па така дрогата стигнува многу брзо до посакуваните локации.
На снимката се наведува дека во организацијата владее законот на „дадениот збор“, а дека мафјашките работи често се на семејна основа, како оние во криминалните кругови во Италија.
Се напоменува дека албанската мафија своето делување го прикрива со легални бизниси, како што е увозот на автомобили, а најголем дел од профитот го испраќа назад во својата земја, кадешто се губи трагот на парите.