
Бизарна причина за смртта на актерот од серијата „Алф“: Отишол во банка, па починал во автомобилот на 40 степени Целзиусови
Поранешната детска ѕвезда Бенџи Грегори, најпознат по улогата во серијата „Алф“ (Alf), почина на 46-годишна возраст.
Препорачано
Сестрата на Бенџи, Ребека, потврдила за ТМЗ дека телото на нејзиниот брат било пронајдено во автомобил на паркинг во Аризона, пред околу еден месец на 13 јуни. Таа исто така додала дека Бенџи се борел со депресија, биполарно нарушување и несоница и дека знаел да остане буден со денови.
Неговите блиски пријатели се сомневаат дека тој заспал во автомобилот и починал од топлотен удар, бидејќи тие денови во Аризона температурата била околу 42 степени Целзиусови. Сè уште се истражува точната причина за смртта на актерот, а со него во автомобилот е пронајдено и неговото куче Ханс, кое исто така угинало.
– Блиските на Бенџи веруваат дека тој отишол во банка за да уплати чекови на 12 јуни, заспал во својот автомобил и трагично починал од топлотен удар во возилото поради интензивните летни горештини во Аризона – рекле за американскиот портал ТМЗ извори блиски до семејството на актерот.
Бенџи Грегори го играше момчето Брајан Танер во култната серија „Алф“ од 1986 до 1990 година, по што продолжи да се занимава со глума, но не оствари некоја позначајна улога. Актерството го напушти во 2003 година, кога реши да се приклучи на морнарицата, а потоа дипломираше на Академијата за уметности во Сан Франциско.
Од Бенџи на социјалните мрежи се збогуваат многу обожаватели, колеги и пријатели.