Битолскиот универзитет „Климент Охридски“ претстави десет доктори на науки

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска ги промовираше најновите доктори на науки кои својот трет циклус на студии го посетувале на овој универзитет. Промоцијата веќе традиционално е стартот на прославата на патронатот на универзитетот, годинава во знак на јубилејот 45 години универзитет и 100 години од формирањето на првата универзитетска единица, Институтот за тутун.

Денеска беа претставени: Зија Количи, доктор по образовни науки, Ален Азари, доктор по образовни науки, Јасминка Секулова доктор во настава по јазик, Ардијан Исмаили, доктор на науки од областа на безбедноста, Оља Ристова, доктор на науки од областа на безбедноста, Илкер Али, доктор по компјутерски науки и инженерство, Кристина Јанкулоска Гацоска, доктор на биотехничкии науки, Нора Висдик, доктор на науки од областа на туризмот, Арјете Зејнулахи, доктор на науки од областа на туризмот и Диола Дости, доктор на техничко-технолошки науки од областа на храна и иновативни технологии.

Тие беа промовирани како академски граѓани кои го поседуваат највисокиот образовен степен во државава, а претходно, според востановената практика, менторите дадоа образложение за нивните докторски трудови, оправданоста, истражувањата, практичната примена, јави телевизијата „Тера“.

„Имаме дисперзија, немаме доминација на една единица, што не радува дека сите единице се развиваат, даваат докторски дисертации, има интереес за студирање на трет циклус и добивање степен Доктор на науки, така што тоа посебно ме радува што сите единици се активни во овој процес.“ – вели ректорот проф.д-р Игор Неделковски.

Веќе стана традиција двапати во текот на академската година УКЛО да ги промовира своите доктори на науки. Овоаа втората годишна промоција како почеток на одбележување на патронот Светиот Климент Охридски. Ректорот Неделковски за календарската година што изминува издвои два најсветли моменти од работата на Универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот