Фото: UEFA Europa Conference League/Twitter

Битка за европски трофеј, но и за излез во Европа: Фиорентина и Вест Хем вкрстуваат во финалето на Конференциската лига

Mинатата недела Севиља ја освои Лигата на Европа со седмата победа во ова натпреварување, а сега една недела подоцна време е за второто европско финале.

Во Прага на „Еден арената“, Фиорентина и Вест Хем ќе водат битка за трофејот во Конференциската лига.

Навивачите на двата клуба долго чекаат на успех на своите миленици во европските натпреварувања, Вест Хем има два трофеи во своите клупски витрини (Куп на победниците на куповите и Интертото куп). Последниот го освоија во 1999 година, а воопшто последен финален натпревар им бил ФА Купот во 2006 година кога загубија од Ливерпул по изведувањето пенали.

Од друга страна прилика за трофеј Фиорентина имаше пред две недели, но беше поразена од Интер во финалето италијанскиот куп. Фиорентина на европски трофеј чека повеќе од шест децении, последен пат триумфираа во Купот на победниците на куповите во 1961 година.

Натпреварот е важен и затоа што победникот наредната сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа, преку првенствата ниту Вест Хем, ниту Фиорентина не обезбедија место во европските натпреварување. Фиорентина во Серија заврши на осмата позиција, додека Вест Хем беше 14-ти во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот